Едноставно но значајно, создаваме подобра прифатливост на новитетите меѓу докторите и останатите здравствени работници на етичен, непристрасен и начин базиран на докази

 
 
 
 
 
МетаМедико се занимава со давање обединети сервисни услуги од областа на застапувањето на странски фармацевтски компании, медицински маркетинг и промоција, регистрација на лекови и внесување на пазарот, како и со медицински активности од делокругот на работењето на фармацевтските компании според највисоките етички стандарди и социјална одговорност. Со тоа им помагаме на нашите клиенти да ја изградат и да ја зголемат вредноста на нивната деловна активност – реноме на сопствениот бренд, создавање приход и континуирано растење на профитот.
 
ben-white-lVCHfXn3VME-unsplash (1)
 
 
 
abc
 
 
 
 
МетаМедико е формирана според постојната законска регулатива на 15 февруари 2005 година како Друштво со ограничена одговорност (ДОО), а набрзо потоа се трансформира во ДООЕЛ со основна дејност: Советување во врска со работењето и другото управување. Формирана е од еден лекар со долгогодишно искуство во областа на управувањето, медицинскиот маркетинг, фармацевтската регулатива и клиничките испитувања. Основана врз база на индивидуалниот карактер, способноста и искуството на сопственикот, во МетаМедико доминира тимскиот дух каде што секој инволвиран во деловните активности дава свој индивидуален придонес базиран на стручноста, способностите и креативноста што ги носи со себе.
Во работната атмосфера доминираат отворената комуникација, поддршката, соработката, континуираното збогатување на знаењето и способностите, сè со цел да се остварат поставените цели на ефикасен и етички начин.

„Развиваме иновативни сервисни, комуникациски и продажни програми, координација на настани и даваме нова вредност во односите со клиентите.“

 
 
Customer_service
 
 
 

Постојано ориентирани кон грижата за клиентите

 
Како компанија што дава интегриран сервис на нашите клиенти, пред сè обезбедуваме интелектуална сила, стратешко планирање и критичко размислување. Фармацевтската индустрија е висококомпетитивна, брзорастечка и во континуиран развој, што само по себе налага развој на нови продукти и изнаоѓање нови приоди во информацијата и едукацијата на здравствените работници и на пациентите. За таа цел развиваме иновативни сервисни, комуникациски и продажни програми, координација на настани и даваме нова вредност во односите со клиентите.
Кога клиентот ќе побара соработка со нас во врска со некој деловен предизвик, ние тоа го прифаќаме како шанса за решавање на проблемот на крајниот корисник. Со над 28 години континуирано успешна кариера во фармацевтската индустрија сакаме стекнатото искуство да го употребиме во трансформација на деловното пријателство во долгорочно партнерство.
На клиентите им обезбедуваме постигнување на маркетиншки и продажни цели со одговорен професионален и етички пристап, отвореност, чесност и искреност.

 
 
 
 

Услуги

 
 
„НАШИТЕ КЛИЕНТИ СЕ ПОСТОЈАНО ВКЛУЧЕНИ ВО СЕВКУПНИОТ ПРОЦЕС НА РАБОТЕЊЕТО“
 
 
 
 
Snow2
 

Медицински маркетинг и промоција

 
МетаМедико се занимава со давање обединети сервисни услуги од областа на застапувањето на странски фармацевтски компании, медицински маркетинг и промоција, регистрација на лекови и медицински активности од делокругот на работењето на фармацевтските компании според највисоките етички стандарди и социјална одговорност.

 
 
 
 
 
Snow2
 

Застапување

 
МетаМедико е посветен кон квалитетно креирање, планирање и управување со продажнo промотивни активности на најкреативен начин, со висока социјална одговорност и врвни етички стандарди.
На тој начин обезбедуваме високо задоволство во интерес на клиентите промовирајќи ги нивните продукти и сервиси на крајните корисници со цел за подобрување на личната и општествена здравствена благосостојба.
 
 
 
 
 
Snow2
 

Регулатива

 
МетаМедико обезбедува:
  • Регистрација на лекови .
  • Целосно усогласување со сите правила и закони што се однесуваат на регистрацијата и ставањето на лекови во промет.
  • Фармаковигиланца.
  • Совети за фармацевтските компании во врска со законските барања и услови што имаат влијание на процесот на регистрација на лекот.

 
 
 
 
 
 
 

Квалитет

 
Кога се работи во МетаМедико постои чувст в о на посебен приод кон севкупното работење - однос кон колегите , клиентите и соработниците .“

Посебниот приод кон работењето е резултат на долгогодишното работно искуство на основачот на раководни позиции во фармацевтската индустрија. Бидејќи сфаќањето на работењето и односот кон работата е специфичен, го нарековме Начин на управување во МетаМедико .
Нашите вредности ги изразуваме во сите наши активности. Добрите норми на однесување е она што се вреднува. Секојдневно, краткорочно и долгорочно, се трудиме да најдеме вистински баланс меѓу сожалувањето и конкуретноста и обврските кон себе, колегите, општеството, работата и семејниот живот.
 
 
 

Наши клиенти

 
  • Eli Lilly & Co.
  • Astellas
  • Abbvie
  • Abbott
  • Pfizer

МетаМедико се гордее со способноста да обезбедува интегрирани и специфицирани сервисни услуги на интернационални фармацевтски компани кои се или му биле клиенти. МетаМедико го создава и го развива својот тим со кој може да се соочи со сите пазарни предизвици во фармацевтскиот сектор локално и регионално.

 
 
 

Услуги

 
Со докажаните човечки ресурси им излегуваме во пресрет на нивните потреби и на економски оправдан начин ги остваруваме нивните најдобрите интереси.
Брендот на клиентот е основата на работењето. Но тоа не е самото лого туку и респектот од страна на корисниците и конкуренцијата поради идеата позади која се стои. Солидната основа обезбедува успех во справувањето со конкуренцијата и со иновативна комуникација се пренесуваат саканите пораки до крајните корисници. На тој начин ја создаваме и зголемуваме вредноста на бизнисот на клиентите.
  Прочитај повеќе
 
 
 
 
 
 

Постави прашање

 
*
 
*
 
*